Петгодишно дете од пехчевското село Црник се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрил електричен тротинет управуван од 12-годишен малолетник.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 22 мај 2026 година околу 11:00 часот во ОВР Берово. Несреќата се случила во село Црник, кога малолетникот, управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишното дете од истото село.

Повреденото дете било пренесено во Итната медицинска помош во Пехчево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Берово, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Петгодишно дете тешко повредено откако во него удрил малолетник со тротинет е превземен од МАКФАКС.