Русија очекува продолжување на мировните преговори за завршување на војната во Украина и ги повикува САД да се вклучат во процесот, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесуваат руските агенции РИА Новости, РБК и ТАСС.

Песков рече дека мировниот процес моментално е „на пауза“, но дека Москва очекува негово продолжување и американско посредување. Тој повтори дека Русија гаѓа само „воени или речиси воени објекти“, додека обвини дека украинските сили напаѓаат инфраструктура во Русија.

Преговорите речиси целосно се запрени од крајот на февруари.

Текстот Русија очекува продолжување на мировните преговори за Украина, ги повика САД да се вклучат е превземен од МАКФАКС.