Мајка на другарче турнала дете во игротека на подрачјето на Карпош, а родителите ја пријавиле во полиција.

Според информациите од МВР,  вчера во 22:30 часот во СВР Скопје, 31-годишата Г.П.Г. од Скопје пријавила дека околу 16:10 часот во игротека на подрачјето на Карпош, нејзиниот четиригодишен син бил турнат од В.Д. – мајка на негово другарче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Текстот Мајка на другарче бутнала дете во игротека, родителите ја пријавиле во полиција е превземен од МАКФАКС.