Бугарија и Албанија обезбедија пласман во големото финале на конкурсот Евровизија 2026 во Виена. Бугарската поп ѕвезда DARA настапи прва и прва беше соопштена како пласирана за финалето, што ќе се одржи во сабота 16 мај. Претставникот на Албанија Алис Калачи со песната „Мајка“ исто така успеа да влезе во големото финале.

Во финалето по втората полуфинална вечер покрај Бугарија и Албанија, се пласираа: Украина, Романија Кипар, Норвешка, Данска, Малта, Чешка, Австралија.

Големото финале е на 16 мај (сабота) со почеток од 21 часот и ќе биде емитувано на МРТ1.