Бугарската поп ѕвезда DARA вечерва ќе го отвори второто полуфинале на музичкиот натпревар „Евровизија“ во Виена. МРТ 1 ќе емитува во живо, а директниот пренос започнува во 21.00 часот. Петмина од учесниците вечерва ќе отпаднат, со исклучок на Франција и Велика Британија, кои автоматски се пласираат во големото финале како дел од овогодишната „Голема петорка“, заедно со домаќинот Австрија. Големото финале е во сабота, повторно од 21.00 часот.

„Да го отворам шоуто вечерва е неверојатна можност. Сакам едноставно да уживам во моментот, да ги разбијам со „Бангаранга“, да се забавувам колку што можам и да дадам сè од себе.“ изјави претставничката на Бугарија на „Евровизија 2026“ DARA.