Во просториите на “INNOX Innovation Centre” успешно се реализираше дводневниот Bridge2Balkan Bootcamp, организиран во соработка со “Dijitalpark Teknokent” и “B-Connector”.

Настанот обедини стартапи, претприемачи, ментори и претставници на иновацискиот екосистем од повеќе земји од Балканот и Турција, со цел зајакнување на регионалната соработка и поддршка на иновативното претприемништво.

Во текот на дводневната интензивна програма, учесниците работеа на развој на бизнис модели, валидирање на идеи, подготовка на pitch deck презентации и стратегии за настап пред инвеститори и потенцијални партнери. Bootcamp-от беше одбележан со висока енергија, активно networking поврзување и професионално менторство.

На крајот од програмата, 10 стартапи беа избрани за следната фаза и ќе учествуваат на претстојниот “Demo Day”, каде ќе ги претстават своите иновативни решенија пред инвеститори, бизнис партнери и претставници на регионалниот стартап екосистем.

Организаторите истакнаа дека Bridge2Balkan има за цел да создаде силни врски помеѓу стартап екосистемите во Балканот и Турција и да отвори нови можности за регионална иновациска соработка.