Од СДСМ денеска повторно упатија прашање прашање до министерот за правда, Игор Филков, и до премиерот, Христијан Мицкоски, дали документите за екстрадиција на Никола Груевски се испратени или не?

„Одговор? Тишина. Молчење. Премолчување. Мицкоски и Филков се прават будали пред цел народ. Се прават како да не чуваат, како да не знаат, како да не е нивна работа. А сите знаеме дека е нивна работа – и дека намерно го штитат Груевски. Зошто? Затоа што Груевски не е обичен бегалец. Тој е жив споменик на криминалот на ВМРО. Ако Груевски падне, паѓа и целата мрежа. Ако Груевски падне, паѓа и Мицкоски. Повеќе од месец дена тие ја газат правдата, ја газат државата и ја газат елементарната пристојност. Доста е со игрите. Доста е со будалењето. Испратете ги документите за екстрадиција на Груевски веднаш. Или признајте јавно дека Владата на Мицкоски е официјален штит за најпознатиот македонски криминалец“, велат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Груевски е жив споменик на криминалот на ВМРО е превземен од МАКФАКС.