Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во урбана средина и технички интервенции, кое е донација од приватна компанија, соопштија од Град Скопје.
Возилото располага со цистерна од 6.000 литри, пумпа со нормален и висок притисок, витло од 60 метри и современа противпожарна опрема, вклучително и монитор-млазница со далечинска контрола за пожари со висок интензитет.
Од Град Скопје посочуваат дека оваа вредна донација од општествено одговорна компанија значително ќе ги зајакне капацитетите на скопските пожарникари за брза, ефикасна и професионална интервенција на терен.
Воедно, најавуваат продолжување на инвестициите во модернизација на Противпожарната бригада, со цел поголема безбедност и подобра заштита на граѓаните и нивниот имот.
Текстот Противпожарната бригада од Скопје доби ново возило како донација е превземен од МАКФАКС.























