Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријавила дека била измамена за сума од 16.592 денари.

Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати.

Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот.

Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Текстот Измамена велешанка: преку СМС добила порака за сторен сообраќаен прекршок е превземен од МАКФАКС.