Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која на 28 години стана најмладата секретарка за печат во историјата на Белата куќа, на социјалните мрежи сподели фотографија од своето второ дете – ќерката по име Вивијана.
„На 1 мај, Вивијана, или Виви, се придружи на нашето семејство и нашите срца веднаш се исполнија со љубов. Таа е совршена и здрава, а нејзиниот постар брат среќно се навикнува на животот со новата сестра. Уживаме во секој момент со нашето бебе“, напиша Левит.
Левит изјави дека од 24 април е на породилно отсуство, и дека нејзиниот последен ден во прес-салата бил на 28 април, по инцидентот откако вооружен напаѓач се обиде да влезе на вечерата на дописниците на Белата куќа.
Левит е во брак со 32 години постариот американски претприемач Николас Ричио. Тие се во брак од 2025 година, непосредно пред нејзиното преземање на функцијата во Белата куќа. Првото дете го добија во 2024 година.
Текстот (Фото) Портпаролката на Белата куќа сподели фотографија со бебето Вивијана е превземен од МАКФАКС.























