Интервју со новинарот и граѓански активист, Џабир Дерала, со главна тема- причините поради кои Северна Македонија, сè уште нема слободни и демократски избори, туку само „конкурентни избори“, како што ги оценува Набљудувачката мисија на ОБСЕ.
Дерала говори и за отпорот на парламентарните партии да ги вградат препораките на ОБСЕ во Изборниот законик, особено оние што се однесуваат на недоследностите во изборната регулатива, нефункционирањето на институциите и корупцијата во медиумската сфера.
Во интервјуто анализираме и колку е нетранспарентно финансирањето на политичките партии за време на изборните кампањи, како и недостигот од материјални и технички услови за ефикасна работа на Државната изборна комисија. Повеќе на овие теми, во продолжение од ексклузивното интервју со основачот и лидер на невладината организација ЦИВИЛ, Џабир Дерала.























