Продолжувањето на трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина „не би било целисходно“ во моментов, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, пренесуваат медиумите во регионот.

Според него, дијалогот е можен само откако Киев ќе ги повлече своите трупи од делот од Донбас што го контролира.

„Додека украинските сили не се повлечат од овие територии, продолжувањето на ваквите преговори нема смисла“, нагласи Ушаков.

Москва претходно неколку пати изјави дека сите сериозни договори мора да ја земат предвид реалната состојба на фронтовската линија и резултатите забележани за време на Специјалната воена операција.

Текстот Ушаков: Нема смисла да се водат преговори со Украина и САД е превземен од МАКФАКС.