Португалија и Италија би можеле привремено да се откажат од примената на новите гранични контроли на Европската Унија за да избегнат хаос за време на претстојната туристичка сезона, пишува Дејли Мејл.

Станува збор за системот ЕЕС (Entry/Exit System), кој бара патниците од земји надвор од ЕУ при влез да даваат биометриски податоци, вклучително скен на лице и отпечатоци од прсти.

Претходно и Грција привремено ги суспендираше новите правила до септември, откако нивната примена довела до големи гужви и доцнења.

Според туристички експерти, Португалија веќе пропушта патници без биометриска проверка кога се создаваат големи редици, а се очекува и Италија да го следи истиот пример.

Постои можност истото да го направат и Шпанија, Франција и Хрватска, бидејќи многу земји не сакаат да ризикуваат туристите да избираат други дестинации поради долгите чекања на граница.

И авиокомпанијата Ryanair побара суспензија на системот до крајот на летото, предупредувајќи дека патниците со часови чекаат на пасошка контрола и во некои случаи пропуштаат летови.

Текстот Хаос на европските граници: Популарни туристички земји привремено се повлекуваат од новите ЕУ контроли е превземен од МАКФАКС.