Поранешниот министер за правда, Кренар Ллога, остро реагираше нагласувајќи дека доколку Христијан Мицкоски и владата имаат за цел вистинска реформа во судскиот систем, таа треба да започне од Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Според него, токму таму треба да се бараат најтешките случаи на корупција и злоупотреби, наведувајќи поништувања на одлуки, сомнителни повторни судења и спорни финансиски договори.

Тој изрази загриженост и за манипулации со системот АКМИС, како и за милионските загуби што државата ги претрпува во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Лога нагласува дека без адресирање на овие проблеми, секоја реформа во правосудството ризикува да остане само на хартија.