„Христијан Мицкоски денеска повторно ја најави својата нова стратегија: кога во јуни ќе се покаже дека нема напредок во реформите, виновен ќе биде СДСМ затоа што го „блокирал“ Изборниот законик. Ова е класична лага на Мицкоски“, велат од СДСМ.

„ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието. Токму како што го укинаа техничката влада без ниту еден глас од СДСМ, така можат да го донесат и Изборниот законик. Не им треба СДСМ за закони – им треба изговор кога ќе пропаднат. Мицкоски помпезно ветуваше дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека сме рамо до рамо со Црна Гора“.

Сега однапред подготвува алиби зошто тоа нема да се случи. Затоа што во јуни нема да ги внесе малцинства во Уставот, нема да ги затвори 8-те отворени реформски точки и нема да ги реши проблемите што самиот ги создаде: криминал, корупција, контрола врз судство и обвинителство, 40% од медиумите дел од Орбановата мрежа.

Мицкоски лажеше за враќање на името, лажеше за укинување на Преспанскиот договор, лажеше за „трета економија во Европа“.

Сега подготвува нова лага – дека СДСМ е виновен за неговиот неуспех. Нема да нè вовлече во своите лаги. Мицкоски може да продолжи со лаги, да ветува и да бара виновници.

Граѓаните јасно гледаат: единствениот кој ја блокира Македонија кон Европа е токму тој – Мицкоски и неговата криминална организација“, соопштуваат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Мицкоски однапред подготвува алиби за неуспехот во јуни! е превземен од МАКФАКС.