Џорџ Клуни и Амал Клуни неодамна присуствуваа на гала-доделувањето на наградите Чаплин во Њујорк, и го привлекоа вниманието на јавноста и со своите харизматични појавувања и со своите комбинации. Џорџ одлучи да остане верен на својот холивудски шармерски изглед, па избра класичен црн костум со рамен крој кој го надополни со вратоврска-машна и бела кошула.
Неговата сакана, Амал Клуни, сепак беше дама за паметење, жена која ги шармираше сите присутни на овој свечен настан. Таа носеше мини фустан во боја на циклама од Баленсијага, кој ги откриваше нејзините рамена, но и нејзините витки нозе.
Таа додаде златна чантичка и чевли на комбинезонот, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за висока фатена коса што ја нагласуваше нејзината природна убавина.
Текстот (Фото/Видео) Сопругата на Клуни „гори“ во мини здолниште: Сите велат едно – тој е среќен човек е превземен од МАКФАКС.























