Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаеи, ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за нејзините изјави за она што тој го нарече нехумани санкции наметнати врз Иран.

Фон дер Лајен денес на прес-конференција во Берлин изјави дека е прерано да се укинат санкциите против Иран поради кршење на човековите права и дека пред тоа е потребна темелна промена.

Минатиот месец, Советот на Европската Унија воведе дополнителни санкции за кршење на човековите права во Иран, особено за задушувањето на протестите во јануари.

Сепак, Бакаеи ги отфрли нејзините изјави на мрежата X, велејќи дека санкциите се „дизајнирани да ги погазат основните права на обичните Иранци“ и дека нејзините коментари „само дополнително ги демонстрираат двојните стандарди и лицемерието на европската политичка елита и го забрзуваат срамниот пад на Европа во ирелевантност“.

 

фото/Depositphotos

Текстот Иран: Коментарите на фон дер Лајен го покажуваат лицемерието на европската политичка елита е превземен од МАКФАКС.