Џејми Герц, најбогатата актерка во светот, беше фотографирана на ретка прошетка со својот сопруг милијардер.

Актерката Џејми Герц (60), позната и како најбогатата актерка во светот, присуствуваше на големото отворање во Лос Анџелес, во придружба на својот сопруг милијардер Ентони Реслер.

Ова беше едно од нивните ретки заеднички излегувања, а тие ја искористија и пригодата да презентираат донација од неверојатни 50 милиони долари, наменети за изградба на ново крило на музејот LACMA, кое ќе го носи името Реслер.

Џејми избра бел фустан со средна должина за гала настанот, преку кој носеше сако украсено со цветни мотиви. Своето модно издание го комплетираше со бела чанта со нитни и црни сандали, додека Реслер беше во класичен црн костум.

Нивниот брак повторно се најде во центарот на вниманието со ова појавување, а малкумина знаат дека ситуацијата не била секогаш ваква денес. Кога Џејми се омажи за Ентони, тој не заработуваше повеќе пари од неа.

„Сите мислат дека се омажив за богат човек, но пред 37 години, кога го запознав Тони, заработував многу повеќе пари. Платив за нашата прва куќа, нашиот прв одмор. Се омажив за него затоа што се заљубив“, изјави претходно Џејми за „The Hollywood Reporter“.

Џејми Герц ја започна својата кариера во 1980-тите, но никогаш не стана препознатливо лице во Холивуд. Таа глумеше во филмовите „Lost Boys“, „Twister“, а по гостувањето во серијата „This Is Us“, се повлече од глумата целосно.

Текстот Најбогатата актерка во светот снимена со својот сопруг милијардер: „Се омажив за него од љубов“ е превземен од МАКФАКС.