Два воза се судрија во Данска денеска, при што неколку лица беа повредени. Несреќата се случила во близина на Хилерод, северно од Копенхаген, потврдија локалните служби за итни случаи, објави Ројтерс.
Фронтален судар
„Два локални воза се судрија челно“, изјави портпаролот на противпожарната служба во поширокото подрачје на Копенхаген.
„Има неколку повредени патници. Сите излегоа од возовите и никој не беше заробен. Голема сила е испратена на местото на настанот“, додаде тој.
Текстот Директен судир на возови во Данска: неколку лица беа повредени е превземен од МАКФАКС.























