При претрес во Скопје, полицијата пронајде дрога и насади со канабис, а уапсено е едно лице.

Според информациите на МВР, вчера во Скопје, на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (50) од Скопје.

При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата итн.

По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Текстот (Фото/Видео) Саксии канабис откриени во стан во Аеродром, уапсено едно лице е превземен од МАКФАКС.