Натали Портман и францускиот музичар Танги Дестабл го очекуваат своето прво дете, а актерката ја откри добрата вест во интервју за „Harper’s Bazaar“.

Во интервју за списанието „Harper’s Bazaar“, актерката Натали Портман се осврна на многу теми поврзани со нејзиниот професионален и приватен живот, а во таа прилика откри дека е бремена. Имено, Натали и францускиот музичар Танги Дестабл ја започнаа својата врска минатата година, откако нејзиниот прв брак се распадна по 13 години, а сега го очекуваат своето прво дете.

На почетокот од своето интервју за гореспоменатото списание, актерката нагласи дека е многу благодарна за можноста да забремени на 45 години. Како што вели, е свесна дека повеќето парови се соочуваат со проблеми со зачнувањето и дека има среќа што на оваа возраст „може да го прошири своето семејство“.

„Растејќи, слушав приказни за тоа колку е тешко некој да забремени“, рече таа. „Имам толку многу луѓе околу мене кои ги сакам, а кои имале проблеми со забременувањето, и затоа сакам целата приказна да биде раскажана со одредена почит. Тоа е прекрасна, радосна вест, но исто така не е лесна“, вели Натали, додавајќи:

„И затоа знам колку сум среќна и сум свесна за проблемот. Благодарна сум за оваа можност и можам само да ја ценам.“

Таа нагласи дека оваа бременост, за разлика од претходните две, била многу „мирно искуство“ и дека таа „го цени секој момент“. Додаде дека „има повеќе енергија отколку што очекувала да има.“

За потсетување, Натали Портман официјално потпиша документи за развод од нејзиниот тогашен сопруг и кореограф Бенџамин Милпие минатата година.

Актерката наводно не можела да му прости на својот поранешен сопруг што ја изневерил со 25-годишната француска активистка Камил Етјен.

Натали и Бенџамин го делат старателството над своите деца – синот Алеф и ќерката Амалија.

Текстот Познатата актерка го очекува своето трето дете на 45-годишна возраст – откако нејзиниот прв брак се распадна е превземен од МАКФАКС.