Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Либан и им се заблагодари на САД за посредништвото во договорот.

„Се надевам дека ова ќе го отвори патот за преговори за долгорочно решение на конфликтот и ќе придонесе за напорите за траен и сеопфатен мир во регионот“, рече тој.

Тој ги повика сите страни да го почитуваат прекинот на огнот и „да се придржуваат кон меѓународното право во секое време“.

Текстот Генералниот секретар на ОН го поздрави прекинот на огнот, им се заблагодари на САД е превземен од МАКФАКС.