Ен Хатавеј плени со својата природна убавина со години, и можеме да кажеме дека е една од оние дами кои стареат како вино.
Додека со нетрпение ја очекуваме домашната премиера на продолжението на познатиот филм „Ѓаволот носи Прада“, овие денови ги разгледуваме одличните комбинации на познатите актерки кои ги играат главните улоги во култната модна креација – Мерил Стрип и Ен Хатавеј.
Ен Хатавеј блесна и на премиерата на нејзиниот нов филм „Mother Mary“ во Њујорк, каде што остана верна на необичните креации и секако привлече внимание во онаа што ја носеше.
Станува збор за впечатлива бела тоалета изработена од сјајни проѕирни мрежести ленти која доаѓа од модната куќа „Lever Couture“.
Фустанот ја следи линијата на телото и е без ракави, но со прерамки, додека долниот дел има шлиц што му дава доза на сексапил, но не открива премногу.
Ен, која ја носи титулата една од најубавите актерки и зрачи со природна убавина во море од „анти-ејџ“ трендови, носеше сребрени чевли Лубутен со шпиц, луксузен накит, како и златна чанта.
За овој аутфит беше задолжена нејзината долгогодишна стилистка Ерин Волш, а таа не разочара ниту овој пат.
Текстот (Фото/Видео) Постара, похрабра и позаводлива: Ги остави сите без зборови во фустан направен од проѕирни ленти е превземен од МАКФАКС.























