Министерот Венко Филипче ги повикува граѓаните да не го земат по сопствено убедување, лекот „Ивермектинот“ бидејќи само лекар знае да ја препише соодветната доза.

Министерот Филипче вели дека модуларните болници во земјата после пандемијата нема да се преместуваат, туку ќе се користат како ургентни центри.

Кривата на заразени засега се уште е во пад, а според здравствените власти состојбата е стабилна. Според официјалните податоци, низ земјава хоспитализирани се околу 720 пациенти, а слободни се околу 600 болнички кревети.