Приведен е едниот силеџија од инцидентот во ЈСП, по другиот се трага

131
0

Полицијата доцна синоќа привела еден од двајцата силеџии, а по другиот се трага. Тие направија инцидент во автобус во ЈСП и упатуваа смртни закани кон патниците.

“Вчера околу 20 часот приведен е едниот од силеџии, а по другиот сме во процес на идентификување, штом имаме повеќе информации ќе соопштиме во јавноста” вели за Зоом.мк портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Двете лица предизвикале инцидент во автобус на ЈСП откако биле предупредени да ги почитуваат здравствените протоколи и да стават маски.