Жените за време на нивниот живот трошат во просек повеќе од 10.000 евра на разни козметички производи, третмани, разубавување, фризери, членство во фитнес-клубови и гардероба, а се со цел да се чувствуваат добро, атрактивно и убаво, покажува студијата „Подготвени за сјај” спроведена на повеќе од 2.000 жени.

Според студијата, иако на егото на жената делуваат различни материјални работи, самодовербата обично ја прават оние работи кои не нè чинат ништо, како што се насмевката и погледот на еден минувач.

За повеќето жени најголемо значење за самодоверба има искрениот разговор со друга жена, комплимент од дете, неочекувано „те сакам“ или рачно изработени подароци.

Топ 20 работи кои го подобруваат расположението или ја подигнуваат самодовербата кај жените се:

•    Почит и искреност од партнерот/партнерката и околината.
•    Правда.
•    Квалитетен сон.
•    Фотографија на која изгледа среќно.
•    Добар филм, книга, поезија или музика.
•    Силна прегратка.
•    Кога некој/а ќе ѝ каже искрено „те сакам“.
•    Рачно изработени подароци.
•    Насмевка од блиски или непознати.
•    Нова долна облека.
•    Коментари дека изгледа помлада отколку што е.
•    Разговор со други жени.
•    Совршена комбинација на облека, по сопствен вкус.
•    Комплимент од дете.
•    Будење без акни и мозолчиња.
•    Носење на облека која го истакнува нејзиниот омилен дел од телото.
•    Убаво обликувани веѓи.
•    Покана за состанок.
•    Фотографија на која изгледа среќно.
•    Нов маникир, шминка или купување облека (парчиња од втора рака се вистинско чувство на среќа).