Вчера, при контрола извршена во угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека Ж.Ј.(64) од Охрид, управител на објектот и М.Ц.(33) одговорното лице во објектот, од охридското село Велгошти, на 16 малолетници им овозможиле користење алкохолни пијалоци.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави за сторено кривично дело „Точење алкохолни пијалоци на малолетни деца“, согласно чл.204 од Кривичниот законик.