Веруваме дека животот би ни бил навистина полесен и подобар, доколку овие работи ги научевме како деца…

За да не ја направите и вие оваа „грешка“ и малку подобро да ги поготвите своите деца за животот кој често знае да биде суров, седнете и споделете ги овие 11 нешта со нив:

  • Сите твои чувства се добри. Имаш право да го чувствуваш тоа што го чувствуваш, а не тоа што „би требало да го чувствуваш“.

  • Не си должен да го трпиш тоа што не ти одговара, дури ни во најмала мера. Дури и ако тоа ти создава проблеми или потешкотии со нас или со било кого.
  • Никој нема право да ти каже што да правиш, што да мислиш или што да чувствуваш. Дури ниту ние како родители. Секогаш твојот избор е прв. Но знај дека за се постојат последици и би било добро тоа навремено да го сфатиш. Доколку некој се обидува нешто да ти наметне, знај дека тој го пречекорува твојот авторитет. Тоа е агресија и запомни дека кон тоа лице треба да се однесуваш како кон агресор, но запамети ги и зборовите „избор“ и „последици“.

  • На никого ништо не му должиш!
  • Имаш право да се обидуваш, да грешиш, да паднеш и повторно да станеш. Колку пати сакаш или можеш.

  • Имаш право на поинакво мислење. Имаш право да не се согласуваш со другите, да не ги делиш туѓите интереси.
  • Можеш да биде внимателен со луѓето. Не е задолжително, но пробај…
  • Го заслужуваш најдоброто и тоа не она што другите го сметаат за најдобро, туку она за кое ти мислиш дека е најдобро.

  • Се што посакуваш треба да ти се случи во твоето време, не во свое време, туку во твоето!
  • Секогаш почитувај го договорот, тоа што си го ветил или договорил со некого. Не ветувај напразно, тоа повредува.
  • Јасно покажи го тоа што го сакаш или тоа што ти е потребно. Не очекувај дека другите ќе знаат што сакаш ти, нешто мора да кажеш и на глас.