Џоли: Канада му кажа на Израел дека конфликтот со Иран не смее да се прошири во регионот

Канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли изјави дека му рекла на својот израелски колега дека конфликтот не смее да се прошири во регионот, пренесува МИА.

– Јасно се залагаме за деескалација и треба да се погрижиме конфликтот да не се прошири во регионот. Затоа, јас бев јасна пред мојот колега во Израел – ве молам прифатете ја победата и да се увериме дека можеме да работиме заедно за да го вратиме мирот во регионот, изјави таа во Отава.