Џејмс Харден веќе нема да биде играч на Филадефија. Тој ќе ја прифати „опцијата за играч“ (player option) за следната сезона вредна 35,6 милиони долари, но во исто време поднесе барање за размена, односно за тие пари ќе игра во друг клуб.

Поранешниот МВП играч и Филаделфија работат на пронаоѓање нова средина. Денеска истече рокот кога кошаркарот требаше да се изјасни, а негова одлука е да го промени клубот.

Во трката за Харден се Лос Анџелес Клиперс и Њујорк Никс.

Џејмс Харден пристигна во Филаделфија во 2022 година од Бруклин кога потпиша двегодишен договор, а се согласи на намалување на платата за околу 15 милиони долари.

Прикажи повеќе