Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Џејмс О’Брајан за помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

За именувањето на О’Брајан гласаа 67 сенатори, а против беа 31 сенатор, соопшти Сенатот.

О’Брајан ќе ја замени Јури Ким, некогашна американска амбасадорка во Албанија, на местото помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

О’Брајан, кој за таа функција беше предложен пред неколку месеци од американскиот претседател Џо Бајден, ќе биде претпоставен на американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Прикажи повеќе