Некогашниот македонски младински репрезентативец Џемаил Ибиши е нов играч на тимот на Тиквеш. Денеска во Кавадарци некогашниот младинец на Вардар  беше претставен како ново засилување за Кавадарчани прво ова лето.

Ибиши по периодот минат во Вардар замина за Хрватска, каде што беше дел од екипите на Локомотива, Дубрава и Оријент. Имаше најави дека ќе се врати во домашниот шампионат, и истите се остварија.

Ибиши е екс репрезентативец на Македонија во сите младински категории.

Прикажи повеќе