Саудискиот принц Мохамед бин Салман, односно инвестициски фонд близок до него, има намера да купи уште еден европски гигант. Пред неколку дена беше купен англискиот суперлигаш Њукасл за повеќе од 300 милиони фунти, а следната инвестиција може да биде во Италија.

Според медиумите на Апенините, овој фонд (ПИФ) пријавил интерес да го купи Интер, кој моментално е во сопствеништво на кинеската компанија Сунинг груп.

„Неразурите“ се актуелни шампиони на Италија, меѓутоа, веќе некое време се соочуваат со големи финансиски проблеми. Поради таа причина, летово беа продадени двајцата најдобри фудбалери од минатата сезона Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, од кои клупската каса беше наполнета со преку 160 милиони евра.

Според најавите Саудијците планираат огромни инвестиции во Њукасл, а се чини дека истиот план би можел да се спроведе и во Интер.