Серхио Љуљ се извини на Твитер по хаосот на вториот натпревар од четвртфиналето на Евролигата, во кој Партизан го победи Реал Мадрид на гости со 80:95. Мечот беше прекинат на минута и 40 секунди до крајот по жестоката тепачка во која се вклучија сите кошаркари на двата тима, освен Руди Фернандес.

„Тоа што се случи синоќа не требаше да се случи на кошаркарскиот терен. Ја преземам одговорноста за грубиот прекршок што ја предизвика катастрофата. Им се извинувам на љубителите на кошарката“, напиша ѕвездата на Реал Мадрид.

На крајот од вториот натпревар против Партизан во Мадрид, кога веќе беше јасно дека српскиот тим убедливо ќе победи, Љул непотребно и грубо го фаулираше Кевин Пантер од Партизан. Со тоа започна прекинот на играта и голема тепачка на речиси сите играчи на двата клуба.

Тешко е повреден Данте Егзум, откако Гершон Јабуселе, висок два метри и тежок 123 килограми, брутално го собори на подот./Makfax/

Прикажи повеќе