Холандскиот интернационалец Дони ван де Бек и дефинитивно одлучи да замине од „Олд Трафорд“ поади малата минутажа. Тоа ги алармира италијанските клубови Јувентус и Интер кои сакаат да го преселат во Серија.

Ван де Бек изминатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да се наметне кај менаџерот Оле Гунар Солскјер. Тој многу ретко му дава шанса да биде стартер и главно го држи на клупата за резерви.

Јуве и Интер ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и да го ангажираат на позајмица во јануари со можност подоцна да го откупат неговиот договор.