Долго се чека на трансферот на Јошко Гвардиол од Лајпциг во Манчестер Сити. „Билд“ ја пренесува информацијата дека работата ќе биде готова – денеска!

Германскиот клуб наводно се согласил на понуда од 90 милиони евра, вчера германските претставници беа во Англија каде го договараа трансферот на хрватскиот репрезентативец. Овој трансфер ќе биде и рекорден кога се во прашање дефанзивците, Гвардиол ќе го собори рекордот на Хари Мегваер и неговиот трансфер вреден 87 милиони евра.

Трансферот го очекува и се надева и Динамо Загреб, кој веќе заработи 19 милиони евра кога го продадоа, а сега чекаат уште 18 милиони, имајќи предвид дека имаат право на 20% од следната продажба на Гвардиол.

Прикажи повеќе