При реновирањето на куќата, едно семејство од Канада пронашло мала метална кутија во која имало документи на хрватски јазик.

Документите и ги дале на сосетката Ненси Трускот мислејќи дека нешто такво можеби и е интересно.

„Овде има богатство, четири документи, два што не можам да ги прочитам бидејќи се од Југославија“, изјави Трускот за CTW Nres.

Еден од тие документи веднаш и го привлекол вниманието. Тоа беше документ за нејзиниот сегашен дом кој датира од 1950-тите.

„Сметав дека можам да најдам луѓе на кои им припаѓа ова“, вели Трускот.

Документот го носеше името на Никола Павелиќ, претходниот сопственик на куќата.

Ненси ги искористила социјалните мрежи и ја пронашла ќерката на Павелиќ, Менди, со која се сретнала за да ги предаде документите.

Не сакал да разговара со ќерките за животот во Хрватска

Никола Павелиќ е роден во Хрватска во 1903 година, а емигрирал во Канада во 1929 година. Меѓу документите имало извод од матичната книга на родените, документи за натурализација од времето кога емигрирал во Канада и дозвола за брак од 1927 година.

Павелиќ купил куќа на авенијата Дирборн во 1955 година, кога Менди имала 16 години. Нејзината сестра Мери на крајот се преселила во соседната куќа со нејзиниот сопруг. Менди сега верува дека нејзината сестра ја складирала кутијата по смртта на нејзиниот татко, а оваа година кутијата ја пронашле соседите на Ненси.

“Често се обидував да го убедам татко ми да зборува за своето минато, но тој зборуваше само за Канада. Како да решил да го остави минатото зад себе. Тој беше вреден и едноставен човек кој одгледал три ќерки”, вели таа за нејзиниот татко.