Европскиот Куп на ЕХФ во женска конкуренција одново нуди шанза за евро-натпревари за македонските екипи. Одново во ова натпреварување ќе настапат Ѓорче Петров, Куманово и Чаир, додека од минатата сезона недостига само Металург кој беше куп победник.

Во ждрепката за втората рунда, која всушност е прва, во улогата на носител се најде само Ѓорче Петров. Од друга страна, Куманово и Чаир ќе бидат во подредена улога во извлекувањето за ова натпреварување.

Ждрепката за оваа фаза на натпреварувањето ќе се одржи на 18 јули во Виена. Натпреварите од второта рунда се планирани за 23 или 24 септември, додека реваншите на 30 септември и први октомври.

Прикажи повеќе