Колку и вознемирувачки работи да кажа актерот во судницата, на социјалните мрежи сите зборуваат за нешто друго…

Поранешната двојка Џони Деп и Амбер Херд деновиве повторно се во центарот на вниманието, шест години откако актерката го обвини актерот за семејно насилство, побара забрана за приближување и поднесе барање за развод.

Имено, Деп ја тужи поранешната сопруга поради нејзиниот текст објавен во 2018 година во The Washington Post, бидејќи тој тврди дека иако таа не го именувала, јасно имплицира дека зборува за него. Деп бара отштета од 100 милиони долари, а тимот на Амбер Херд ги отфрла сите обвиненија.

Во последните денови Џони Деп сведочеше пред судот во Вирџинија и откри многу што не се знаеше за неговиот приватен живот, кариерата и нефункционалниот однос со поранешната сопруга. Судењето привлекува големо внимание на социјалните мрежи, каде фановите на двајцата актери детално ги следат сите детали.

Така, една интересна работа се издвои, а не се однесува на вознемирувачките детали кои Деп ги презентираше.

Имено, корисниците на Твитер забележале дека Амбер Херд, верувале или не, од ден на ден го копира Џони Деп!

Имено, прво актерот на судењето се појави со вратоврска Гучи украсена со минијатурна извезена пчела, а потоа и Амбер ја стави истата вратоврска!

Како тоа да не беше доволно бизарно, Херд потоа се појави во сив костум со црна кошула – која Деп исто така ја носеше порано.

Ако тоа не е доволно бизарно за вас, откако Џони Деп ја крена косата во реп, истото го направи и Амбер.

Исто така, ден потоа се појави во целосно црна комбинација.

За работите да бидат уште почудни, таа во еден момент ги стави наочарите од чиста мира, исто како него.

Дали е само случајност или необичен начин актерката да испрати порака до поранешниот сопруг и светот, се уште не се знае.

Деп, инаку, негираше дека некогаш кренал рака на Амбер Херд за време на бракот или на некоја жена.

„Никогаш не се случило вакво нешто. И покрај тоа што имавме кавги и такви работи … и онака никогаш не стигнав до точка да ја удрам Мис Херд. Ниту сум удрил жена во животот. Јас сум опседнат со вистината. Денес е … всушност мојата прва шанса да можам да кажам сè за овој случај“, истакна Деп.