Годинава е одбележана од големиот напредок на вештачката интелигенција. Во проектите поврзани со оваа технологија се вложуваат многу пари. Што може да очекуваме во 2024 година? Неколку професори од Универзитетот „Стенфорд“ даваат свое мислење за новите можности и примени на оваа технологија во новата година.Според професорот Ерик Бринјолфсон, масовното прифаќање на вештачката интелигенција ќе влијае и врз луѓето кои биле поштедени од компјутерската револуција во последните 30 години.Професорот Џејмс Ландеј очекува да види нови модели, особено во видео, поради што ќе има сериозни проблеми со лажни видеа создадени со вештачка интелигенција.Професорот Рас Алтман е загрижен за глобалниот недостиг на графички процесори за вештачка интелигенција. Многу големи компании размислуваат за имплементирање на сопствената вештачка интелигенција, но малку се грижат за графичките процесори, кои се произведуваат од неколку компании чии капацитети се полни.Професорот Питер Норвиг смета дека следната година агентите со вештачка интелигенција ќе завршуваат разни работи за нас, како правење резервации, планирање патувања итн.Правилата поврзани со развојот и имплементацијата на вештачката интелигенција се фокус на професорката Феи-Феи Ли. Таа се надева дека со регулатива, студентите и истражувачите ќе добијат пристап до ресурси, податоци и алатки со вештачка интелигенција.Професорот Џи Ванг смета дека ни се потребни доволно пари за да продолжиме да поставуваме тешки и клучни прашања за тоа што сакаме од вештачката интелигенција. Тој смета дека истовремено е важно да се разбере одговорноста во користењето на ваквите технологии.Следната година, сојузните американски држави Калифорнија и Колорадо ќе усвојат прописи за автоматизирано носење одлуки во контекст на приватноста на потрошувачите, вели професорката Џенифер Кинг.

– Иако овие регулативи се ограничени на системи за вештачка интелигенција кои обучуваат или собираат лични податоци на поединци, двете им нудат на потрошувачите право да се откажат од употребата на вештачката интелигенција кога станува збор за системи кои имаат значително влијание врз вработувањето или осигурувањето – објаснува Кинг.

Извор: Stanford University