По смртниот случај со младата штипјканка која почина од Конго-кримска хеморагична треска поради каснување од крлеж, како и новиот случај на зараза потврден кај вработен на Клиниката за инфективни болести кој бил во контакт се девојката, се поставува прашањето што всушност знаеме за оваа болест, како се пренесува, но и како да се заштитиме.Вирусот на Конго-кримска хеморагична треска предизвикува сериозни епидемии на вирусна хеморагична треска.Носете светло обоена облека за да се овозможи лесно откривање на крлежи на облеката;
Испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид – перметрин или употребете купена, специјално третирана со перметрин облека, за да се намали можноста за закачување на крлежите на облеката. Внимавајте да не прскате од спрејот на кожата на откриените делови од телото;Намалување на ризикот од пренос од животно на човек:

Носете ракавици и друга заштитна облека додека ракувате со животни или нивни ткива во ендемични области, особено за време на колење;

Карантин на животните пред да влезат во кланици или рутински да се третираат со пестициди, две недели пред колењето.

Намалување на ризикот од пренос од човек на човек:

Избегнете близок физички контакт со лица заболени од ККХТ;

Носете ракавици и заштитна опрема кога се грижите за болните луѓе;

Редовно мијте ги рацете со вода и сапун после активностите за грижа/нега или посетата на болните луѓе.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.