ОВЕН

Што е домот за вас? Во понеделник, младата Месечина во Рак ви помага да поставите цели во однос на луѓето и местата кои ви носат емоционална сигурност. Во сабота, ретроградната Венера почнува да се движи во Лав и го менува начинот на кој ги споделувате своите чувства. Во сабота започнува и сезоната на Лавовите, а тоа ви носи храброст да го отворите срцето.

БИК

Проширете го начинот на кој комуницирате со другите. Младата Месечина во Рак ви помага да поставите цели за да ја подобрите комуникацијата за да дојдете до поинакви резултати. Венера почнува да се движи ретроградно во Лав во сабота инспирирајќи ве да го промените пристапот кон вашето семејство. Сезоната на Лавовите почнува во текот на истиот ден, давајќи ви мотивација да им дадете име на своите чувства, но и да ги изразите онаму кадешто тоа е потребно.

БЛИЗНАЦИ

Пренесете ги своите вредности во пракса. Во понеделник, младата Месечина во Рак бара од вас да ги живеете своите вредности со цел да дојдете до подобра финансиска ситуација. Венера почнува да се движи ретроградно во сабота, помагајќи ви да размислите како комуницирате во љубовните односи. Во сабота исто така почнува сезоната на Лавовите, носејќи ви алатки со кои ќе ги подобрите своите вештини за комуникација.

РАК

Среќен роденден, драги Ракови. Во понеделник, младата Месечина во вашиот знак ви носи можност да замислите желба за тоа кои сакате да бидете. Замислете го животот за кој сонувате. Венера почнува да се движи ретроградно во Лав во сабота и ве поттикнува да размислите за своите финансиски цели. Сезоната на Лавовите почнува во текот на истиот ден и ви помага да се поврзете со мудроста на своето тело.

ЛАВ

Време е за крај. Во понеделник, младата Месечина во Рак бара од вас да утврдите начини на однесување и луѓе кои сакате да ги оставите зад себе. Венера почнува ретроградно да се движи во вашиот знак во сабота и ги трансформира вашите вредности и односи со другите на моќен начин. Во текот на истиот ден почнува и вашата роденденска сезона. Време е да блеснете.

ДЕВИЦА

Време е за дружба. Во понеделник, младата Месечина во Рак од вас бара да поставите цели во однос на вашите пријателства или заедници за да остварите подлабока поврзаност. Венера почнува да се движи ретроградно во Лав во сабота и ве повикува да им кажете збогум на луѓето од вашето минато. Во текот на истиот ден го прославувавме почетокот на сезоната на Лавовите.

ВАГА

Важно е како се чувствувате на работното место. Младата Месечина во понеделник бара од вас да  направите евалуација колку сте задоволни од својата кариера, а потоа и да направите промени ако нешто не ви се допаѓа. Венера почнува да се движи ретроградно во Лав во вашиот сектор на пријателства во сабота, носејќи ви добри пријателства и дружења со вашите блиски. Во текот на истиот ден почнува и сезоната на Лавовите, која ви помага да привлечете нови луѓе во вашиот живот.

ШКОРПИЈА

Среќно патување, драги Шкорпии. Во понеделник, младата Месечина во Рак од вас бара да размислите за посета на нови места, но и стекнување нови вештини кои ќе го променат вашиот живот. Венера почнува да се движи ретроградно во Лав во вашиот сектор на кариера во сабота, помагајќи ви да изградите мрежа на луѓе кои ќе ви помогнат да успеете на професионален план. Сезоната на Лавовите почнува во текот на истиот ден помагајќи ви да изградите поголема амбициозност, но и да бидете похрабри.

СТРЕЛЕЦ

Колку им верувате на другите? Во понеделник, младата Месечина во Рак од вас бара да поставите цели за да развиете доверба, интимност и сексуална привлечност. Венера почнува да се движи ретроградно во Лав во вашиот сектор на образование во сабота, помагајќи ви лесно да стекнете нови вештини. Во текот на истиот ден започнува сезоната на Лавовите носејќи ви носи авантури, убава енергија и радост.

ЈАРЕЦ

Научете од разликите. Во понеделник, младата Месечина во Рак ви носи важна лекција дека спротивностите се привлекуваат. Венера почнува да се движи ретроградно во вашиот сектор на интимност, поттикнувајќи ве да го смените вашиот пристап кон интимните односи. Сезоната на Лавовите почнува во текот на истиот ден и ја зголемува вашата сексуална желба.

ВОДОЛИЈА

Почнете со мали чекори. Во понеделник, младата Месечина во Рак ве поттикнува да развиете нова рутина или пак, навика за вашето здравје и добросостојба. Венера почнува да се движи ретроградно во Лав во вашиот сектор на романса, поттикнувајќи ве пореално да гледате на минатото. Сезоната на Лавовите почнува во текот на истиот ден, носејќи ви интересни личности во вашиот живот.

РИБИ

Вие точно знаете колку вредите. Во понеделник, младата Месечина во Рак ве потсетува на тоа и ја зголемува вашата самодоверба. Венера почнува да се движи ретроградно во Лав во сабота, помагајќи ви да ги забележите малите нешта во љубовните односи и комуникација со другите. Сезоната на Лавовите почнува во текот на истиот ден мотивирајќи ве да живеете поздраво.