Еден од најдобрите македонски фудбалери Енис Барди се најде на листата на 10 топ ѕвезди во Шпанија кои по завршувањето на сезоната би можеле да заминат од сегашниот клуб бесплатно.

-Барди има слична вредност како Аднан Јанузај од 12 милиони евра и од јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови. Евентуално испаѓање на Леванте сигурно ќе донесе сценарио во кое тој ќе си замине, пишува Ел Дисмарк.

Инаку, Барди во Леванте пристигна во 2017-та година за 1,5 милиони евра од унгарски Ујпешт.

Освен барди на оваа листа се најдоа Осман Дембеле о Серхи Рберто од Барса, Иско и Герет Бејл од Барса, Луис Суарез од Атлетико Мадрид, Аднан Јанузај од Реал Сосиедад и други.