Шпанските обвинители не пронашле докази дека постојаните исплати на Барселона до компанијата на поранешниот потпретседател на судиската комисија во Ла лига, влијаеле на судењето во шпанскиот шампионат, јавува „ЕФЕ“.
Според нивните извори, истрагата за исплатата на 7.5 милиони евра до компанијата на Хозе Марија Енрикез Негреира, тешко се поврзувала со некои позитивни одлуки за каталонскиот клуб во мечевите, но се додава дека Барселона има недостаток на официјална документација за целиот случај.
Барселона се соочува со таканаречениот „Случај Негреира“ веќе еден месец, откако „Мундо депортиво“ откри дека клубот исплаќал редовно кон компанијата на Негреира во период од речиси 20 години. Истрагата продолжува./Makfax/