
Шпанската екипа Валенсија во изминатиот период имала големи проблеми на стадионот „Месталја“ со глувци, па поради тоа реши да забрани продажба на сончоглед и кикирики.
Забраната ќе почне да важи од 5 август, кога се игра пријателскиот меч против премиерлигашот Астон вила, па така навивачите повеќе не може да купуваат сончоглед и кикирики на трибините.
Стадионот има капацитет од 50.000 навивачи, а изграден е пред 100 години.