Со победата од 27:23 над Хрватска во второто коло од главната рунда, Ракометната репрезентација на Шпанија обезбеди пласман во четвртфиналето на женскиот ракометен Мундијал.

Покрај домаќинот Шпанија, пласман во четвртфиналето од групите 3 и 4 обезбедија и Германија, Данска и Бразил.

Германија извојува убедлива победа од 37:28 против Јужна Кореа, додека, селекцијата на Данска триумфираше со 29:14 против Чешка.

Бразилките ја победија Аргентина со 24:19 и се пласираа меѓу осумтте најдобри селекции на светот во битката за финалето.

Натпреварите во втората фаза по групи на Мундијалот продолжуваат денеска, а ќе се играат уште шест меча во четвртото коло.