Социјалдемократот Олаф Шолц денеска треба да биде избран за канцелар од Долниот дом на германскиот парламентот, Бундестагот и официјално да ја преземе таа функција. Германските социјалдемократи (СПД), Зелените и слободните демократи (ФДП) вчера го потпишаа коалицискиот договор со кој се утврдува како да се забрза зелената транзиција и да се модернизира најголемата европска економија.

Advertisements

Сојузот меѓу неверојатните партнери, првата таква групација на национално ниво, става крај на 16-годишната влада предводена од конзервативците на Ангела Меркел, која не се кандидираше за петти мандат на изборите во септември. Нејзиниот централно-десничарски унионистички блок оди во опозиција по поразот на изборите.

Прикажи повеќе