Шолц бара од Нетанјаху да се избегне дополнителна ескалација на Блискиот Исток

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побарал да се избегне дополнителна ескалација на Блискиот Исток, јави ДПА.

Портпаролот на германската влада, Штефен Хебестрајт, изјави дека Нетанјаху го информирал Шолц за ситуацијата во регионот, а канцеларот укажал дека целта сега е „да се избегне допoлнителна ескалација и регионален пожар“.

Шолц ја објаснил и одлуката на Европскиот совет да бидат воведени дополнителни санкции кон Иран, и кажал дека Германија ќе продолжи да се координира со своите партнери во ЕУ и во Групата седум (Г7).