Македонскиот прволигаш Шкупи останува без својот најдобар фудбалер Реналдо Цефас. Фудбалерот од Јамајка прави трансфер во турскиот прволигаш Анкарагучу.

Тој лани имаше фантастична сезона во дресот на Шкупи, а продолжи со добри игри и на европските натпревари оваа сезона. Постигна дури четири гола во триумфот од 0-5 против литванскиот Хегелман, а тоа не остана незабележано од турскиот клуб.

Со заминувањето на Реналдо Цефас сигурно дека Шкупи ќе биде значително ослабен на стартот на новата сезона, но нема сомнение дека клубот од Чаир набрзо ќе доведе нов напаѓач.

Прикажи повеќе