Фудбалерот од средниот ред на Шкендија, Флорент Рамадани, заработи сериозна повреда на мечот против Воска во првото коло од новата сезона. Тој се здоби со пукнатина на тибијата на ногата и ќе мора да паузира од 4 до 6 седмици.

Рамадани го напушти теренот по 30 минути и веднаш беше забележливо дека повредата е од посериозна природа. Неговата нога е имобилизирана и тој во наредниот период ќе мора да паузира.

Прикажи повеќе